Тенок а цврст, со сјајна површина и мек на допир, поплинот е совршена хармонија меѓу издржливост и елеганција. Како таков е еден од најомилените материјали кои своето место го наоѓаат во секојдневната употреба. Традиционално се изработува од памук, но доста се популарни и варијации кои вклучуваат волна, свила, полиестер и други материјали.