Прв пат произведен од истоименото растение во Античка Индија, памукот е еден од најосновните и најраспространети платна до денес. Всушност, се претпоставува дека околу 75% од целокупниот текстил во светот содржи одредена количина на памук. Платното лесно впива вода и лесно се суши, пријатно е на допир со кожата, и лесно дише. Постојат повеќе видови на памук, а градацијата во главно се одредува во зависност од должината на влакното.

Лојал Стил ви претставува избор на внимателно одберени памучни платна, соодветни за изработка на секаков вид на текстил .