Една од најпрепознатливите ткаенини кои ги среќаваме денес својата популарност ја стекнува во 1950-тите. Кеперот лесно се препознава по дијагоналните линии кои се протегаат по целата вертикала на платното. Најчесто се изработува од бленд на полиестер и памук. Покрај тоа што се користи за изработка на униформи и други видови на работничка облека, наоѓа широка примена во модната текстилна индустрија. Лојал Стил располага со голем избор на моден кепер за сечиј вкус. Нешто повеќе за оваа ткаенина и материјалите кои ви ги нудиме следи во текстот подоле.

 

Што се подразбира под поимот моден кепер?

Називот кепер се однесува на широк спектар на материјали. Имено, материјали кои се ткаени со препознатливата дијагонална кеперска техника. Во зависност од составот пак, има многу различни видови на кепер со соодветен капацитет за употреба. На пример, XТЗ кеперот е изработен од памук и поголем дел на полиестер. Благодарение на високиот процент на полиестер во составот, овој материјал пружи соодветна хемиско-техничка заштита, и погоден е за работничка облека. Понатаму, има варијации на овој материјал кои се користат во сферата на домашниот текстил, разни индустрии, итн.

Што се однесува на модниот кепер, пак, еден е од најзастапените и најомилени материјали за широк асортиман на модни креации.

За разлика од поопштиод тип на кепер, модниот кепер се изработува од мешавини на материјали кои се со по фина текстура, пријатни се на допир, а акцент се дава и на естетскиот елемент.

green polycoton fabric

Модниот кепер е бленд од два или повеке материјали со фини тактилни и естетски карактеристики

Зошто модниот кепер е популарен избор во текстилната индустрија?

Карактеристично за облеката изработена од кепер е што изгледа уредно и привлечно. Ова се должи на карактеристиките на кеперот како материјал. Структурата на ткаење овозможува креацијата да ја задржи својата форма дури и по долга употреба и многукратно перење. Исто така, модниот кепер долгорочно ја задржува бојата, не бледее на сонце или при перење. Не се гужва и лесен е за чистење и одржување. При тоа, ценово е пристапен и нуди голема разноликост во дизајн.

Модниот кепер е одлична замена за џинсот во топлите летни денови. Овозможува креативна употреба при кроење на разни парчиња на облека, практичен е и пријатен за носење.

 

orange polycotton fabric