Иако се изработува од природни материјали, вискозата се сврстува во синтетика, поради сложените хемиски процеси за нејзино конечно производство. Лесна е и мека на допир, а покрај тоа има и добра топлинска спроводливост. Погодна е за изработка на елегантни кроеви, но наоѓа широка примена и во низа други индустии.

Вискозата е пријатна за носење, лесно впива влага и не е подложна на уништување од инсекти и молци. Лесна е за одржување и поради својата флексибилност во намената е еден од најбараните материјали. Затоа, во Лојал Стил постојано ја имаме на лагер. Во зависност од трендовите во текстилната индустрија, го надополнуваме нашиот асортиман со нови композиции и дезени.