Полар материјал – Есен/Зима ’25

Долго време волната го владееше текстилниот свет како незаменлив материјал во ладните зимски денови. Но, покрај бројните позитивности, истата има и недостатоци на практичната скала. Вторите особено доаѓаат до израз кога е во прашање облека за активности на ниски температури. Покрај ограничување на удобноста, работничката облека изработена од волна е прилично нарочна за одржување, а доста ниско рангира и во категоријата издржливост и долготрајност.

Така, се ствара потребата за алтернатива која ги има бенефитите на волната, а при тоа практичните недостатоци се отстранети. По тоа прашање, иновативниот текстилен производител Малден Милс, односно денешен Полартек, и Патагонија, реномиран американски синџир за снабдување со рекреативни потреби на отворено ги спојуваат своите вештини. И, од таа соработка произлегува материјалот полар, кој брзо станува омилен во текстилната индустрија ширум светот.

Во Лојал Стил имаме на лагер одличен полар во 3 бои, како и избор на други материјали кои ви се есенцијални за оваа зима.

 

Полар платно; тегет, бела, црна

Во Лојал Стил имаме 3 бои на полар материјал: тегетна, бела и црна Сликата не е едитирана, но можни се варијации во нијансите, зависно од екранот на вашиот уред

 

Каков полар материјал ќе најдете во Лојал Стил?

Вообичаено, во описот на овој материјал ќе најдете бројки како 100, 200, 300, итн. Оваа ознака всушност ја опишува тежината во грамови на метар квадратен. Веќе претпоставувате дека колку е бројката повисока, толку поларот е подебел.

Нашиот магацин моментално располага со 300 грамски полар, со ширина од 160 центиметри.

Имаме на лагер 3 основни бои: црна, бела и тегет.

За што е погодно полар платното?

Погоден е за изработка на облека која се носи надвор. Покрај тоа што гарантира топлина во ладните минусни температури, овој материјал има многу повеќе позитивности . За разлика од волната, мек е, флексибилен, и пријатен на допир. Ова го прави идеален избор за активности кои бараат динамика во движење.

Полар материјалот кој ви го нудиме во Лојал Стил е одличен за изработка на било каков вид на облека која се носи во услови на ниски температури.

Потенцијалот за примена на овој материјал е широк. Од дуксери и тренерки, до палта и наметки, секако одговара на низа сезонски побарувачки кои се актуелни на текстилниот пазар.

 

За сезона есен/зима ’25 ви нудиме квалитетно полар платно. Повелете во нашиот магацин и изберете материјали според вашите потреби

На што се должи популарноста на поларот

Кои се вашите потреби и очекувања од текстилот кој се применува во зима? Да штити од ниските температури, да пружи комфор, лесно да се суши и одржува. Но, ретко кој материјал може да се пофали дека ги исполнува сите критериуми. Од тука, поларот стекнува голема популарност, бидејќи претставува уникатна комбинација од овие карактеристики. Еве само неколку од нив:

  • Покрај тоа што држи топло, лесен е и не додава непотребен волумен.
  • При тоа, не ви го отежнува движењето со ригидност која е одлика на многу други материјали кои се користат со иста или слична намена.
  • Хидрофобичен е, што значи дека не се натопува лесно.
  • Лесен е за одржување, се пере во перална. И, издржлив е. Не ја губи формата и бојата.

Се разбира, ова платно има уште многу позитивности. Но, кога ќе се земат во предвид само основните карактеристики, сепак е јасно зошто поларот е за сега незаменлив.

Со сето ова речено, се надеваме дека наскоро ќе ве видиме во нашиот продажен магацин. Покрај полар, имаме широк избор на материјали соодветни за вашата зимска колекција. Повелете и направете го најдобриот избор.