ЗА НАС

ЗА КОМПАНИЈАТА

Основана во 2001 год. од страна на Петар Јовчевски, „Лојал Стил“ беше ориентирана кон продажба на машини за шиење и резервни делови за истите. Подоцна компанијата ја прошири својата дејност во текстилната индустрија и стана една од водечките специјализирани компании за големопродажба на текстилни и репроматеријали за конфекциско работење во земјата и регионот.

Денес, компанијата нуди ефикасна и доверлива услуга, широк избор на текстилни и помошни материјали како и нивна независна дистрибуција.

„Лојал Стил“ успешно работи на македонскиот пазар повеќе од 15 години и постојано ја проширува својата продажно-дистрибуциска мрежа кон соседните балкански држави, како и кон остатокот од Европа.

ПОНУДА

Уште на самите почетоци, целта на компанијата беше да овозможи пристап кон широкиот асортиман производи со висок квалитет истовремено нудејќи и поволни цени. Производите кои се наменети за конфекциско производство, претежно се со потекло од ЕУ и Турција, а истите се складираат во рамките на сопствените магацински капацитети.

„Лојал Стил“ нуди широка палета производи во однос на составот, боите, текстурите и дезените.

Палета на текстилни материјали на метар:

Располагаме со секаков вид природни и синтетички материјали со различен квалитет и дизајн, како што се: моден кепер, кепер за ХТЗ опрема, штоф, лен, жоржет, џинс, дамаст, брокат, скај, волна, позадински платна итн.

Палета на репроматеријали:

Располагаме со лепенки, флизелини, конец, еластичен конец, ленти и закачалки од реномирани производители.

Достава на листа на производи по потреба

Препорачуваме да нарачате каталог на производи или примероци, кои содржат детали за цената, составот и ширината на достапните материјали. Примероците не се враќаат.

Дистрибуција

Компанијата врши сопствена достава на купените материјали. Испораката се врши веднаш по потпишувањето на Договорот за нарачка. Голем дел од производите имаат EUR1 документ и се ослободени од царински плаќања.

Gallery Gallery